Екипата од емисијата „Папарацо лов“ го уловила пејачот Џоле Џогани како наводно ја изневерува својата сопруга Весна.
Имено, тие засега објавија цензурирана снимка на која се гледа Џоле Џогани, првенствено поради неговиот автомобил, и откриваат дека наводно тој се бакнува со друга жена.
-Шокантно, познатиот пејач уловен на дело со друга жена. Бакнежите за кои мислеле дека никој нема да ги види, веќе ги видел целиот Балкан. Сите говореа дека е еден од најверните на естѕрадата, но нашите снимки говорат поинаку, стоеше во најавата на „Папарацо лов“ емисијата, која што треба да се емитува вечерва.
Меѓутоа, тоа не е прв пат Џоле да ја изневерува сопругата.
После долгогодишен брак, брачниот и пејачки пар Слаѓа Делибасиќ и Џоле Џогани се разведоа во 2000 година.
Во бракот, кој во јавноста важеше за совршен, добија две ќерки, Силвија и Маринела.
САкандалот пристигна после година дена. Џоле започна врска со Весна Тривиќ, членка од неговат танчерска група.
Сегашнат сопруга на пејачот, Весна со години танцуваше и учеше од Слаѓа, така што таа ја сметаше за своја пријателка.
Слаџа тогаш го обвини Џоле дека ја изневерил со Весна, тој и говорел дека таа него го изневерува, а на крајот се заврши со песна. Слаѓа и Весна направија дует „Ајдемо у провод“, со што покажаа дека поранешната сопруга и наводната љубовница можат и тоа како да се согласуват. Круна на љубовта на Весна и Џоле се нивниот син Адриан и ќерката Лаура.
Српските медиуми се обидуваат да стапат во контакт со познатиот пејач, но тој не одговарал на повиците и пораките.