Судијата во средата го отфрли барањето на Амбер Херд случајот за клевета кој ги вклучува неа и нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп да се прогласи за поништен.
– Нема докази за измама или погрешно постапување, наведува судијката Пени Аскарте во судскиот документ, како што пренесува „Вашингтон пост“.
Адвокатите на Херд не одговорија на повикот на весникот за коментар.
Деп ја тужеше Херд и бараше оштета од 50 милиони долари поради авторски текст од 2018 година во кој таа се опишува себеси како „јавна личност која застапува семејна злоупотреба“ (без да го спомене Деп по име). Херд, во меѓувреме, поднесе контра тужба откако поранешниот адвокат на Деп, Адам Валдман, ги нарече нејзините наводи измама.
Нему му беа доделени 15 милиони долари, сума која потоа беше намалена на 10.3 милиони долари бидејќи законот во Вирџинија ја ограничува казнената отштета. Херд доби 2 милиони долари откако поротата утврди дека Валдман ја наклеветил Херд, една од трите точки во нејзината противтужба.
Претходно овој месец, адвокатите на Херд поднесоа барање за поништување на судењето поради повеќе фактори, вклучително и нивното тврдење дека еден од седумте поротници всушност не бил лицето повикано на должност порота во април. Адвокатите тврдеа дека списокот на поротници вклучувал „некој кој во тоа време би имал 77 години“, но дека присутниот поротник бил 52-годишник со исто име кој живеел на иста адреса.
Судијката е децидна во својот одговор на барањето за ново судење.
– Поротникот беше проверен, заседаваше заедно со останатите во текот на целиот процес. Поротата расправаше и донесе пресуда, напиша судијката Аскарте. „Единствениот доказ пред овој суд е дека овој поротник и сите останати поротници ги почитувале своите заклетви, инструкции и наредби на Судот. Овој суд е обврзан со надлежната одлука на поротата.“