среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Сузан Акбелге: „Балканска приказна” дава чувство на искреност и единство, токму ова се и чувствата и љубовта што ја имам кон мојата професија

Сузан Акбелге: „Балканска приказна” дава чувство на искреност и единство, токму ова се и чувствата и љубовта што ја имам кон мојата професија

Македонската актерка Сузан Акбелге којашто периодов е позната по ликот на Елена во турската серија Балканска приказна, серија којашто подолго време се снима во Македонија, го привлече вниманието и интересот на публиката во Македонија, и Турција. Таа за карактерот на Елена вели дека ја потсетува на нејзината мајка, авторитарна, силна и дисциплинирана жена и токму тоа е и најголемиот предизвик во нејзината улога. Но и покрај се, Елена е пред се мајка, успешна и силна жена, како што е и мнозинството на жени во Македонија, вели Акбелге.

„И покрај се, Елена е пред сѐ мајка, и како и секоја мајка и таа е полна со љубов, но поради проблемите со кои се соочува и околностите, на површина избива токму таа доминантна жена. Во Македонија има такви жени , исто како и во секоја земја. Генерално, мнозинството жени се успешни, посебни, се грижат за себе и се трудат да живеат во единство”, додава Сузан Акбелге.

Сузан Акбелге веќе 25 години е дел од Турскиот театар во Скопје и со своето долгогодишно искуство како актерка досега има одиграно повеќе улоги во филмови и серии коишто се снимале во Македонија. За себе вели дека пораснала со родители од различни култури, своето детство го поминала во три различни држави, а од секојдневниот живот овде во Скопје, најмногу ужива во долгите прошетки покрај реката Вардар.

„Пораснав со родители од различни култури. Татко ми е роден во Истанбул, а мајка ми е родена во Србија. Јас сум родена во Лудвигсхафен, Германија. Основно училиште започнав во Истанбул, за потоа со семејството да се преселиме во Скопје и своето образование го продолжив овде. Бидејќи моето детство помина во три различни земји, па така и себеси се сметам за личност којашто во себе попримила од три различни култури. Работите што најмногу ги сакам во мојот секојдневен живот се долгите прошетки покрај реката Вардар, трчањето, возењето велосипед или ролери. Не можам да замислам живот без музика и спорт. За време на викендите сакам да уживам во природните убавини на Македонија и планинарење”, вели нашата актерка Акбелге за себе.

Акбелге за серијата Балканска приказна вели дека е проект којшто го комплетира она парче коешто отсекогаш и недостасувало, бидејќи кога се наоѓа во Турција и недостига Македонија, а сега кога е во Македонија чувствува недостиг кон Турција, родното место на татко и. Серијата Балканска приказна ги пополнува тие празнини и дава чувство на искреност и единство.

„Сите овие чувства се токму и љубовта што ја имам кон мојата професија”, дополнува таа.

Најнови вести