Николина Пишек, која пред речиси два месеци го загуби сопругот Видое Ристовиќ, на Инстаграм објави како добила емотивно писмо и букет цвеќе од соседите.
Во пораката што ѝ ја напишале, тие ѝ посакале многу среќа, сила и борбеност во животот. Тие се заблагодарија што е прекрасна сосетка и рекоа дека за кратко време што биле нивни сосед ги препознале најубавите човечки особини кај неа.
„Овој скромен букет нека ги разубави преостанатите денови овде“ – напишале соседите.
Да потсетиме, свекорот на Николина, Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, неколку пати се појавуваше во јавноста и изјави дека неговата снаа сака само пари. Рече дека често и испраќал пари, но и дека неа ја интересира поделба на имотот по смртта на Видоје.