вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Светот ги виде само на погребот на нивниот татко- Селин Дион за прв пат покажа како изгледаат нејзините близнаци на нивниот посебен ден

Светот ги виде само на погребот на нивниот татко- Селин Дион за прв пат покажа како изгледаат нејзините близнаци на нивниот посебен ден

Славната пејачка Селин Дион ретко кога во јавноста дели детали од својот приватен живот, па така ретко кога нејзиното семејство е експонирано во јавноста.

Особено нејзините два сина кои се близнаци речиси никогаш да ги нема видено јавноста.

Станува збор за Нелсон и Еди на кои денеска им е роденден, а нивната мајка им честиташе со посебна честитка на Инстаграм.

-Дупла насмевка, дупла радост, дупла љубов. Среќен роденден Нелсон и Еди. Многу сум горда на своите момчиња. Ве сака вас мама, напиша пејачката под фотографијата.

За потсетување пејачката освен близнаците го има и 18 годишниот син Ренеј Чарлс, а сите три деца ги доби во брак со сопругот Ранеј Анџелио кој пред три години ја загуби битката со тешката болест.

Најнови вести