петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Светот повторно му се смее на помалиот Бекам, сега поради сендвичот: „Какви ѓубриња се овие?“ (ВИДЕО)

Светот повторно му се смее на помалиот Бекам, сега поради сендвичот: „Какви ѓубриња се овие?“ (ВИДЕО)

Бруклин Бекам веќе една година зборува за тоа како негова примарна професија е готвењето и како се стреми да се подобри во тоа. Меѓутоа, луѓето кои го набљудуваат тврдат дека младиот Бекам со текот на времето не постигнал никаков напредок.

Бруклин Бекам одвреме-навреме на Инстаграм споделува рецепти за јадењата што ги подготвува, а луѓето не можат, а да не се изненадат колку се едноставни и ги подготвува речиси секој од нас, па затоа малкумина се тие кои мислат дека Бруклин има покритие да се нарече готвач.

Добро се сеќаваме на пицата што ја направи, после која со денови имаше коментари за тоа колку не е иновативен, ниту пак е особено вешт бидејќи не покажа ништо што веќе не го знаеме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Сега наместо пица направил сендвич, а коментарите се уште посмешни.

„Како да е сè посмотан“, „Добро, ок, брза храна Бруклин“, „Овој човек е како мене, знае само да прави тестенини, пици и сендвичи“, „Единствено што изгледа како нешто што може да се јаде е лебот. Какви ѓубриња се овие, тоа не е тартар сос“, се само дел од коментарите.

Најнови вести