петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Светот тагува по славниот диџеј: Авичи замина прерано, алкохолот му го наруши здравјето

Диџејот патеше од акутен панкреатит, а најголем причинител за тоа било прекумерното консумирање алкохол.
Светот тагува по славниот диџеј: Авичи замина прерано, алкохолот му го наруши здравјето

Светски познатиот диџеј Тим Берглинг, за публиката познат како Авичи, е пронајден мртов вчера во Оман.

Тој почина на 28-годишна возраст, а причините за неговата смрт сè уште не се познати, иако за јавноста беа познати неговите здравствени проблеми.

Неговиот публицист ја потврди смртта со изјава за јавноста:

„Со длабока така ја изјавуваме загубата на Тим Берглинг, познат како Авичи. Тој е пронајден мртов во Мaскат, Оман овој петок, на 20-ти април, попладне по локално време. Семејството е уништено и бараме од сите да ја почитуваат нивната потреба за приватност во овој тежок период. Нема да бидат дадени дополнителни изјави.“

Диџејот патеше од акутен панкреатит, а најголем причинител за тоа било прекумерното консумирање алкохол.

Поради тоа тој во 2016 се откажа од турнеи, откривајќи им на фановите дека е за доброто на неговото здравје.

Авичи се проби на светската сцена со хитот „Levels“ и продолжи да ја гради кариерата со светски хитови меѓу кои најпознати беа „Wake Me Up“, „Hey Brother“, „I Could Be The One“, „The Nights“ и многу други.

Најнови вести