вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Светот во неверување – кралицата Елизабета втора објави на која личност дала благослов за да биде кралица и да ја наследи

Светот во неверување – кралицата Елизабета втора објави на која личност дала благослов за да биде кралица и да ја наследи

Британската кралица Елизабета Втора објави дека сака Камила Паркер, војвотката од Корнвол, да ја добие титулата кралица кога нејзиниот син принцот Чарлс ќе стане крал.

Во пораката по повод 70-годишнината од нејзиното владеење, кралицата рече дека нејзина „искрена желба“ е Камила да ја добие таа титула, пренесе Би-би-си.

Пораката на кралицата, по повод годишнината од нејзиното стапување на тронот во 1952 година, директно се однесува на нерешеното прашање за идната титула на војвотката од Корнвол, пишува Би-Би-Си.

– Моја искрена желба е, кога ќе дојде тоа време, Камила да биде позната како кралицата сопруга – изјавила кралицата Елизабета.

Вообичаената процедура е војвотката Камила автоматски да стане кралица доколку Чарлс стане крал, но поради несигурност во јавноста се сугерираше дека Камила би можела да ја добие титулата „сопруга принцеза“, што беше официјална позиција кога принцот Чарлс се ожени со Камил во 2005, пишува британскиот јавен сервису.

Најнови вести