петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СВЕТОТ ВО ШОК: 28- годишниот Авичи пронајден мртов

СВЕТОТ ВО ШОК: 28- годишниот Авичи пронајден мртов

Почина еден од најпознатите музчики продуценти и диџеи Тим Берглинг познат како Авичи.

Смртта за 28- годишниот Авичи ја соопшти неговиот издавач.

Издавачот Диана Барон објави дека Авичи бил пронајден мртов, а семејството е потресено и бара да се почитува приватноста.

Тим Берглинг професионално познат како Авичи (Avicii), е шведски DJ и музучки продуцент.

Авичи во 2011-та година беше рангиран на 6 место на топ 100 листата, за да таа позиција во 2012 ја замени со бр. 3.

Тим Берглинг беше роден на 8 Септември 1989 во Стокхолм, Шведска. Тој започнал со правење на ремикси, и создавање на свои сопствени траки на возраст од 18 години во својата соба.

Неговите пријатели го убедиле да ја постави неговата работа на разни блогови на интернет, што доведе до стекнување на голема популарност меѓу публиката и поддршка од продуцентот и ДЈ Тиесто кој го покани на еднонеделен престој во најголемиот ноќен клуб Privilege, во Ибица.

Исто така, тој доби поддршка и од Пит Тонг кој издаде неговиот прв сингл Manman. Во Мај 2008 година, Авичи потпиша договор со Аt Night менаџмент.

Тој имаше хитови кои се искачија високо на топ-листите.

Најнови вести