среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Светот во шок по зборовите на најпознатата авганистанска пејачка – сакаа да ме убијат неколку пати, најмногу се плашев да не ме с*луваат

Светот во шок по зборовите на најпознатата авганистанска пејачка – сакаа да ме убијат неколку пати, најмногу се плашев да не ме с*луваат

Аријана е популарна пејачка и водителка на авганистанското музичко шоу The Voice, а исто така е и активистка за женски права. На Инстаграм ја следат 1,4 милиони луѓе.

Во интервју за британски Мирор, таа рече дека склучила договор со нејзиниот вереник Хасиб Сајед во кој тој ветил дека ќе ја убие пред таа да падне во рацете на талибанците.

„Не се плашам од смртта, се плашев дека ќе ме фатат жива, ќе ме исмеат, ќе продефилираат со мене пред камера и ќе ме силуваат“, рече таа.

Бегајќи од Кабул, таа и нејзиниот свршеник доживеале и средба со талибанците, откако овој понеделник безуспешно се обиделе да се качат на еден од авионите што го напуштале Авганистан.

„Ги сретнавме додека излегувавме од аеродромот. Еден стоеше таму, со рацете зад грб и само гледаше во луѓето. Го погледнав во очи, беше само неколку метри од мене. Останатите пукаа во воздух. Се смрзнувам секогаш кога ќе се сетам на тоа. Минувавме низ пукотници, а јас само размислував како сега ќе ме запрат“, вели Аријана.

Успеале да избегаат следниот ден, а Аријана имала среќа што не ја препознале.

-Имаше неколку контролни пунктови на патот кон аеродромот. Талибанците беа насекаде. На еден контролен пункт запалија автомобил за да ни ги видат лицата. Рацете и нозете почнаа многу да ми се тресат и се молев да не бараат од нас имиња или документи, рече таа.

Аријана, која има британско државјанство, избегала од Авганистан со своето семејство во 2000 година кога била мала, откако била поставена бомба пред нивната куќа.

-Родена сум во Кабул, но морав да го напуштам Авганистан со моето семејство на осумгодишна возраст откако падна бомба во дворот на нашиот семеен дом. Прво отидовме во Пакистан, потоа во Швајцарија, но тие одбија да не` примат, се упативме кон Обединетото Кралство, каде што неволно не примија и јас секогаш ќе им бидам благодарна за се` што ни дадоа “, вели таа во интервјуто.

Пејачката и нејзиниот вереник, кои моментално престојуваат во Вашингтон, пред три години купиле куќа во Турција за да бидат поблиску до Авганистан, каде што го поминувале поголем дел од годината. Таа била во Авганистан осум месеци пред да ја преземат власта талибанците. Пред еден месец, таа ја лансирала својата линија за облека и отворила бутик во Кабул.

Таа открива дека и претходно добивала смртни закани од талибанците, и тие неколку пати се обиделе да ја убијат.

-Еднаш ми беше кажано од членовите на тајната служба дека автомобил со бомба кружи околу Кабул и ме бара да за ме убијат. Вториот пат жена која беше испратена до телевизијата се обиде да ме убие. Успеа да ми пријде на растојание од 10 метри за време на шоуто. Во затвор, таа изјавила дека повторно ќе го проба истото ако биде ослободена, вели Аријана.

На крајот, таа испратила порака до своите сограѓани.

„Не сум сигурна што ќе се случи со нив. Им велам да останат силни и да не се откажуваат“, заклучила таа.

Најнови вести