понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Светот во шок: Се самоуби синот на славната актерка, нејзиниот живот повеќе нема смисла, па веднаш се огласи пред фановите (ФОТО)

Светот во шок: Се самоуби синот на славната актерка, нејзиниот живот повеќе нема смисла, па веднаш се огласи пред фановите (ФОТО)

Синот на оскаровката Реџина Кинг почина три дена по неговиот 26-ти роденден, потврди „Холивуд рипортер“.

Причината за смртта не е потврдена, но според магазинот „Пипл“ станува збор за самоубиство.

Докажаната американска актерка и режисерка скршена од болка се огласи во јавноста и побара приватност во овие тешки мигови.

„Нашето семејство е на најдлабоко ниво уништено со загубата на Ијан. Тој беше силно светло кое длабоко сјаеше за среќата на другите. Ве молиме за почит во овие тешки времиња. Ви благодарам“, изјави славната актерка.

Кинг го доби Ијан од бракот со продуцентот Ијан Александер Постариот.

Нејзиниот син беше уметник и диџеј.

Во едно интервју од 2017 година, 51-годишната Реџина откри дека тие двајца имаат посебен однос и дека се неверојатно блиски.

Најнови вести