Американската актерка Тања Робертс не починала, како што првично објави нејзиниот агент. Но, нејзината здравствена состојба е критична, јавија американските медиуми.
Нејзиниот претставник Мајк Пингел изјави дека имало недоразбирање во разговорот што го водел со партнерот на глумицата. Таа беше примена в болница на 24 декември, откако паднала при прошетка со своите кучиња.
– Таа е во болницата во Лос Анџелес и нејзината состојба е критична, изјави Пингел доцна синоќа, откако ја повлече веста за смртта на глумицата.
Тања Робертс (65) се појави во филмот „Џејмс Бонд: Изгледи за убиство“ од 1985 година. Беше и модел, а глумеше и во сериите „Чарлиевите ангели“, „Жешка линија“ и „Луди седумдесетти“.