Во септември 2017 година нејзиниот вереник се обиде да ја убие актерката Ивана Панзаловиќ, а потоа изврши самоубиство.
Таа била погодена со куршум во главата, по што следела операција, но за среќа се опоравила.
Покрај сите улоги кои ги имаше, јавноста најмногу ја запозна Ивана преку црната драма која нејзиниот вереник и ја приреди, испровоциран од жестоката расправија и се обиде да ја убие, а потоа се самоуби.
View this post on Instagram
Бидејќи оттогаш поминаа години, Ивана откри како се сеќава на сето тоа од оваа временска дистанца и дали и се враќаат сликите од таа ужасна сцена.
„Воопшто не се навраќам на тие работи. За мене е многу минато време, надминато е и фокусирана сум на сегашноста, иднината, на мојата работа. Всушност, не сакам да зборувам и не зборувам за тоа. Тоа што го правам ми е важно и на тоа сум посветена. Присутна сум само во сегашниот момент и гледам само во иднината“, изјави Ивана во една прилика.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ивана по немилиот настан долго време не се појавуваше во јавноста. Таа во еден момент преку социјалната мрежа Инстаграм откри дека е во врска и дека е среќна. После тоа почнале пробите, а таа се вратила на глумата и на боксот, кои некогаш го тренирала.
Актерката денес го живее животот максимално, а е многу активна и на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Да потсетиме, јавноста со денови пишуваше за тоа што се случувало во станот на Дедиње, од тоа дека додека таа бегала од станот нејзиниот вереник пукал во неа, па се до тоа дека тој фрлал работи низ станот, и до тоа дека актерката се движела по улица облеана во крв и барала помош. Откако се бореше за живот во првата недела од септември 2017 година, по тешка операција на мозокот, Ивана доби нов живот.