среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Таа беше најубава жена во светот, а сега е мета на критики за изгледот (ФОТО)

Таа беше најубава жена во светот, а сега е мета на критики за изгледот (ФОТО)

Адријана Лима синоќа се појави на доделувањето на ФИФА наградите, а нејзиниот изглед беше мета на злонамерни коментари.

Популарната манекенка и една од најубавите жени на светот, постојано е мета на критики во јавноста, особено откако по трет пат се исполни во улогата на мајка. Имено, поранешната сопруга на Марко Јариќ не се двоуми да го покаже вишокот килограми стекнати во бременоста.

Дополнително, низа лоши коментари се нижеа за нејзиниот изглед под претпоставка дека таа направила пластични операции и естетски зафати.

Така беше и овој пат кога вчера на доделувањето на ФИФА наградите во Париз се појави како прва глобална амбасадорка на навивачите.

Ова беше нејзино прво официјално појавување на црвениот тепих откако во септември минатата година го роди синот Сајан.

Промените во нејзиниот моден стил се евидентни и се чини дека манекенката сега избира гардероба која е првенствено удобна и одлично ги крие несовршеностите со кои се соочуваат жените по породувањето, сепак големата насмевка на нејзиното лице покажува дека таа се чувствува одлично во сопствената кожа.

Она што особено го привлекува вниманието на јавноста е физичкиот изглед на Адријана. Поранешната српска снаа во оваа бременост многу се здебелила, но и нејзиното лице е позаоблено, па коментарите на социјалните мрежи велат дека Лима не личи на себе.

Најнови вести