среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Таа е омилената внука на кралицата – ја нема титулата принцеза, а во тестаментот има посебен подарок од нејзиниот починат дедо (ФОТО)

Таа е омилената внука на кралицата – ја нема титулата принцеза, а во тестаментот има посебен подарок од нејзиниот починат дедо (ФОТО)

Кралицата Елизабета има осум внуци, а некои од нив речиси воопшто не се појавуваат во медиумите.

Новинарите се најмногу заинтересирани за животот на принцовите Хари и Вилијам, а нивните роднини се запоставени во таблоидите.

Леди Луиз Виндзор, ќерка на принцот Едвард, за која одамна се зборува дека е омилена внука на кралицата Елизабета, никогаш не била во центарот на вниманието на медиумите. Нејзиниот дедо, принцот Филип, во својот тестамент ѝ остави коњи и кочија и таа беше меѓу 30-те најблиски луѓе поканети на кралскиот погреб.

Леди Луиз Виндзор нема титула принцеза иако таа ѝ припаѓа по раѓање бидејќи е внука на кралицата.

Нејзините родители, принцот Едвард и грофицата Софи, ја одбија титулата за својата ќерка. Луиз е родена 2003 година и била недоносче поради што имала здравствени проблеми и неколку операции.

Таа наводно е многу внимателна кон баба си и кон целото семејство и е среќна што ги чува децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам кога се на одмор со кралицата.

Кралицата ја обожава и нејзината мајка Софи, грофицата од Весекс. Принцот Едвард е единственото дете на кралицата што не поминало низ развод, а принцот и грофицата се во брак 21 година.

Најнови вести