Таа е една од најсексапилните жени на светот, а со своите најнови фотографии повторно ги воодушеви фановите ширум светот.
Ангелот на Викторија сикрет, Кендис Свонпул (33) е позната по своето самоуверено држење, но и по бројните кампањи кои ги има работено за истакнати брендови и компании. Таа моментално рекламира костими за капење за својот бренд „Tropic“, а многумина процениле дека Кендис никогаш не изгледала подобро.
Во промотивните кадри таа ужива во времето пред камерата додека ги покажува моделите во бикини од нејзината модна линија.
Манекенката одржува совршена линија со редовно вежбање три до четири пати неделно, но и со балансирана исхрана. Таа истакнува дека сака да има добар појадок, на пример јајца и сланина, а како одминува денот јаде полесна храна – пилешко и салата за ручек, риба за вечера.
Интересно, иако на сцената изгледа бестрашно, секси и самоуверено, супермоделот Кендис Свонпул во една прилика изјавила дека на почетокот на кариерата била многу срамежлива и дека ѝ требало долго време да ја надмине несигурноста и да стигне до фаза кога ќе може да се чувствува добро во своја кожа.