среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Таа има една тајна за убавиот изглед: Селма Хаек не користи ботокс, а сега откри како се негува

Таа има една тајна за убавиот изглед: Селма Хаек не користи ботокс, а сега откри како се негува

Достапен е за многумина и се користи за лекување на рани бидејќи ја регенерира кожата.

Актерката Селма Хаек (56) изгледа беспрекорно и младо, а сега откри како се грижи за својата кожа без да користи ботокс.

-Користам екстракт од кората на дрвото tepezcohuita (mimosa tenuiflora), кое во Мексико се користи за лекување на изгореници бидејќи целосно ја регенерира кожата. Во САД никој не го користи, изјавила за магазинот „Elle“.

Таа додала дека го донела во лабораторија во Америка и дека истражувачите биле изненадени од позитивните резултати.

-Се чудеа како е можно никој да не го користи. Благодарение на овој екстракт, немам потреба од ботокс или филери, изјавила Селма.

Секако, Селма секогаш воодушевува со фотографии од црвениот тепих каде изгледа совршено. Нејзините обожаватели велат дека е речиси невозможно да се поверува дека има 56 години.

Покрај тоа, оваа прекрасна актерка нема проблем да се појави во јавноста без шминка, за разлика од многу други познати личности.

Најнови вести