Денеска на 30 септември на гробиштата во Белград се одржа помен по повод 31 година од смртта на легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ.
Покрај вдовицата Гордана на неговиот гроб дојдоа голем број на познати личности, меѓу кои и Ацо Пејовиќ и Жељко Јоксимовиќ.
Гордана пред присутните изјави дека болката за нејзиниот сопруг никогаш не поминала.
-Болката не поминува, може само да се намали, а мене само ми се врати по филмот минатата година, вели таа.
Таа денес дојде сосема сама на гробот, а допатува од Америка каде живее заедно со својот син кој го има со покојниот пејач и исто така се занимава со музика.
ФОТО: ТЕЛЕГРАФ