среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тага во домот на Јелена Томашевиќ, почина таткото на пејачката

Тага во домот на Јелена Томашевиќ, почина таткото на пејачката

Пејачката Јелена Томашевиќ доживеа голема загуба во семејството. Почина нејзиниот татко Драган, за кој често зборуваше во медиумите, а пејачката се прости со трогателна порака на социјалните мрежи, наведувајќи дека веќе неколку дена се обидува да ја прифати болната реалност.

-Мој добар и убав татко. Веќе неколку дена не ми се верува дека тоа е реалноста… Дека те нема… Знам дека си со ангелите, затоа што таквите добри луѓе тоа го заслужуваат преку овој земен животот со твојата благородност и искреност. Ти благодарам што секогаш веруваше во мене и ти благодарам за љубовта и поддршката во текот на мојот живот. Поубав подарок не можев да добијам”, напиша пејачката.

„Сега патувај во светлината, нека твојот прекрасен глас одѕвони низ целиот универзум! Те сакам засекогаш, мој ангел чувар“, додаде Јелена Томашевиќ.

Заедно со прошталната порака, таа објави една стара и една понова фотографија од нејзиниот татко, а колегите и пријателите изразија сочувство во коментарите на објавата.

Најнови вести