Легендарниот музичар Џери Ли Луис почина на 87-годишна возраст.
Рокенрол иконата почина во својот дом во Мемфис, Тенеси, објави портпаролот на музичарот, Зак Фарнум.
Тажната вест која американскиот TMZ ја објави на 26 октомври се покажа како лажна, за денес светот да слушне дека тој починал.