Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер решија да ја овековечат својата љубов.
Имено, парот денеска во 1:30 часот по полноќ во капелата во Лас Вегас изврши интимна свадбена церемонија.
Според странските медиуми, парот се венчал во строга тајност, само неколку часа по доделувањето на Греми наградите.
-Кортни и Тревис ги искористија наградите Греми како можност да се венчаат во градот на гревот, пишува магазинот TMZ.
Според очевидци, парот ангажирал личен фотограф кој бил единствениот гостин и на кој со договор му било забрането да открива какви било информации за настанот.