Тамара Ѓуриќ последните денови минува низ животен хаос.
Старлетата ги намалила градите, а при интервенциите лекарите откриле дека има тумор на градите.
-Тамара сакала да ги намали своите огромни гради и неодамна го направила тоа во приватна клиника. Тогаш и рекле дека има бениген тумор. Не и било сеедно, но го прифатила здравствениот проблем. Операцијата поминала добро и таа закрепнала. Раната се уште е свежс и полека се враќа на секојдневните активности. Сега нејзините гради се значително помали, а на овој чекор се одучила бидејќи не можела да ја поднесе тежината со оглед на тоа што често го носи детето во раце, вели извор на српските медиуми.
Српските медиуми ја контактираа Тамара откако дознаа дека има тумор на дојка.
Таа имаше јасна порака за сите жени:
-Единствено што сакам да кажам кога е здравјето во прашање е дека жените треба да се грижат за себе и да одат на редовни контроли. Најважно е јавно да се зборува за тоа и да се апелира на вистински начин, изјави Тамара.
View this post on Instagram