Пејачката Тамара Милутиновиќ синоќа беше запросена од нејзиното момче, фудбалерот Дарко Јевтиќ.
Сето тоа се случило на неговата роденденска забава во познат клуб во Белград, а пејачката иако му приредила изненадување – егзотични танчерки, таа всушност била таа која го добила најголемиот подарок.
Фудбалерот ги дувнал свеќичките на роденденската торта, а Тамара цело време стоела до него, а потоа клекнал и го извадил прстенот.
Не можела да поверува што се случува, па во истата секунда се расплакала, а потоа рекла „Да“.
Инаку, Тамара Милутиновиќ неодамна одговори на прашањето дали планира да стапне на лудиот камен и призна дека нејзиниот мајчински инстинкт се родил кога запознала маж за кој верува дека би можел да биде татко на нејзините деца.
Дарко Јевтиќ и Тамара се долго време заедно, а тој не сака јавно да се експонира. Моментално настапува за фудбалски клуб во Русија, а како што објавија тамошните медиуми при потпишувањето на договорот, заработува по еден милион евра по сезона.