Ди Џеј Авичи, со вистинско име Тим Берглинг, починал кон крајот на април 2018-та на 29 години. Неговиот татко Клас Берглинг проговорил за трагичниот случај.
Во интервју за CNN, Клас смртта на синот ја споредил со сообраќајна несреќа.
-Според нашата теорија, тој не планирал да умре, тоа повеќе било како сообраќајна несреќа. Многу работи му се случија и насобраа, а тоа го довело надвор од контрола, рекол Берлинг.
Неговото тело било пронајдено во Оман, каде што летувал.
Неодамна излегол документарецот “Avicii: True Stories”, во кој се прикажува неговата макотрпна борба со зависноста со таблетите и анксиозноста, од кои никогаш не успеал да се ослободи. Авичи престанал да настапува уште во 2016-та година поради проблеми со анксиозност и зависност од дрога и алкохол.
Исто така се борел со акутно воспаление на штитната жлезда, кое му било дијагностицирано поради прекумерно консумирање на алкохол, а поради тоа морал да ги отстрани жолчката и слепото црево.
“Се ме болеше, но сеедно му ги дадоа тие лекови и ми кажаа дека од нив ќе ми биде подобро. Беа како хероин, но не ми помагаа. Претпоставив дека лекарите си ја знаат работата”, рекол Авичи во документарниот филм на “Netflix”.
Авичи поради болки во штитната жлезда, кои траеле и по четири месеци, консумирал коктел од лекови, меѓу кои и “Percocet”, лекарство кое предизвикува зависност.
“Почнав да пијам по 20 апчиња на ден, а ми кажаа дека не предизвикуваат зависност. Уште бев анксиозен, но повторно почнав со настапи”, рекол своевремено диџејот.