понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Таткото на Лејди Гага барал донации на интернет за да ги плати вработените во ресторанот

Таткото на Лејди Гага барал донации на интернет за да ги плати вработените во ресторанот

Таткото на познатата пејачка Лејди Гага е жестоко критикуван од јавноста затоа што на интернет почнал да бара пари за плати на своите вработени.

Имено, Џо Џерманота, заедно со ќерка му е сопственик на ресторан, па има огромна опасност од десетици отпуштања поради кризата со вирусот. Затоа, тој направил налог на страницата „Гоу-фанд-ми“, наменета за прибирање финансиски прилози и донации.

Лејди Гага, чие вистинско име е Стефани Џерманота, според извор кој претпочита да остане анонимен, „немала поим“ дека нејзиниот татко јавно барал 50.000 долари, пишува „Дејли Мејл“.

Џо својот налог го споделил и на Твитер, но објавата сега е избришана.

Најнови вести