Фановите се собираат пред портите на домот на Тина Тарнер во Куснахт во близина на Цирих откако синоќа беше објавено дека славната пејачка починала.
Кралицата на рокенролот не напушти на 83 години по долго боледување , потврди нејзината портпаролка и со тоа навистина го претвори целиот свет во црно. Познатата пејачка беше пример за младите, кралица на рокенролот и жена која се бореше за подобар живот.
Во текот на животот трпеше малтретирање, трагични животни ситуации и безброј проблеми, но на сцената секогаш се појавуваше со карактеристична насмевка која сите ќе ја паметиме.
Сега обожавателите ширум светот се збогуваат со неа, а пред нејзината куќа има безброј свеќи, цвеќиња и нејзини слики, а на ѕидот од нејзината капија беше оставена порака:
– Мислам дека е во ред што се појавив рано денеска. Ти благодарам и збогум Тина, едноставно беше најдобра.