вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТАЖНА ВЕСТ: Почина модниот дизајнер Саша Видиќ

ТАЖНА ВЕСТ: Почина модниот дизајнер Саша Видиќ

Модниот дизајнер Саша Видиќ почина на 52-годишна возраст во болницата „Бежанијска коса“ во Белград. Причината за смртта се уште не е позната.

Како што пренесуваат српските медиуми, членови на семејството го однеле Саша во болница откако онесвестен го нашле во домот. Бил во многу тешка состојба, а докторите веднаш кажале дека му нема спас.

Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари…

Тој беше основач на модниот бренд „Броз“. Соработуваше со Цеца Ражнатовиќ, Сека Алексиќ, Дара Бубамара и бројни познати музички ѕвезди.

Роден е во 1971 година во селото Млака во Хватска, извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изгради во главниот град на Србија.

Најнови вести