среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тажна фотографија на Алек Болдвин со сопругата: Погледот на неговото лице говори колку е очаен (ФОТО)

Тажна фотографија на Алек Болдвин со сопругата: Погледот на неговото лице говори колку е очаен (ФОТО)

Актерот Алек Болдвин (63), по трагичниот настан при кој случајно ја уби Халина Хачинс, со семејството се населил во малото гратче Манчестер во Вермонт, каде што минува низ тешки денови. Алек моментално е под истрага, како и поголемиот дел од филмската екипа, а секојдневните работи ги работи во Манчестер со сопругата Хилари (37), па биле видени и во локалната пекара.

Алек и Хилари седеле во барот, а во еден момент со наведната глава и со рацете на лицето изгледал избезумено.

Излегувајќи од пекарата со кафе во рака, парот малку се вознемирил, па Алек мавтал кон папараците додека Хилари снимала со мобилниот.

По утринското кафе, Хилари сама тргнала да трча и им пришла на фотографите кои се населиле во близина на нивната куќа за да ги замоли да си заминат.

Сопругата на Алек решила семејството да го смести во мало гратче бидејќи се плаши за менталното здравје на сопругот по трагичната несреќа на снимањето на филмот „Рѓа“.

– Го донесов овде затоа што треба да ја прежалиме смртта на Хала. Навистина трауматична работа му се случи на Алек и се обидувам да го ограничам ПТСН. Погледнете што се случува со војниците и полицајците кога ќе се случи вакво нешто, тоа е трауматично. Дојдовме овде само поради тишината. Му треба простор за да се грижам за него и за неговото ментално здравје – рече таа и додаде:

– Тоа е страшна работа што се случи. Алек се чувствува ужасно – изјавила Хилари.

Болдвин неодамна за прв пат по несреќата им се обрати на медиумите:

– Таа ми беше пријателка. Дента кога пристигнав на сетот, ја однесов на вечера со режисерот, бевме тим кој работеше одлично. А потоа се случи овој ужасен инцидент – изјавил видно потресениот актер.

Најнови вести