Пејачката Елена Петреска Толевска и нејзиниот сопруг Андреј Толевски вчера прославиле 8 години од нивниот брак.
Тие овој ден го одбележале во познат скопски ресторан, а со нив биле нивните две деца и неколку пријатели.
„Видов дека си совршен ит е засакав. Но, тогаш сфатив дека не си совршен, па те засакав уште повеќе. Среќна годишнина љубов“, напиша пејачката под фотографиите што ги објави на Инстаграм.
Петреска својот животен сопатник го запознала за време на професионална соработка, на која се појавила во многу лежерно издание.
Инаку, Елена се повлече од естрадата и сега работи во Македонската опера и балет.