Пејачката Теа Таировиќ, која беше уапсена на аеродромот во Хамбург, по неколкучасовно испрашување е пуштена на слобода. Ова го потврди нејзиниот менаџер Никола Бојовиќ Бриџис.
-Така е, ја пуштија. Како што кажав, таа надмина престој три дена во Шенген зоната, па ја задржаа. Нејзиниот пасош е многу пополнет бидејќи многу патува и работи и затоа постапката траела подолго. Пред две недели дојде догрешка, кога ѝ беа истечени 90-те дена. Се слушнавме, таа е добро и сега се е ок, изјави менаџерот.
Теа Таировиќ е приведена рано утринава на аеродромот во Хамбург со колеги музичари. Кога била приведена, како што рекле очевидци, таа била многу исплашена и вознемирена.
Како што пренесуваат медиумите, кај неа наводно била пронајдена одредена сума пари, наводно 70.000 евра, а нејзиниот менаџер рекол дека не се работи за финансиски прекршок.