вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Јасин Чеуко (34), преку ноќ се прослави ширум светот, откако Интер Мајами го ангажираше да го чува Лионел Меси.

Чеуко неколку пати беше во центарот на вниманието поради начинот на кој се грижеше за Меси, а медиумите пишуваат дека за оваа работа месечно добива по 230.000 евра.

Поранешниот војник на американската армија и ММА борец би можел да стане уште побогат, бидејќи доби понуда од сајт за возрасни да објавува фото и видео материјал за 25.000 евра месечно.

– Станавте сензација како телохранител на Меси. Видеата на кои трчате на работ на теренот имаат милиони прегледи и светот почнува да ве посакува. Би сакал да ве вработам како „амбасадор на боречки вештини“ за мојата веб-страница. Ќе треба да објавите упатства дизајнирани да ја едуцираат јавноста за самоодбрана, рече сопственикот на страницата Мајк Форд, додавајќи:

– Можете да објавувате слики или клипови од тренинг, па дури и од секојдневниот живот со Меси. Многу луѓе би сакале да ве видат како вежбате во теретана. Ве молам одговорете што е можно поскоро, сакам итно да ве вработам.

Најнови вести