Пејачката Теодора Џехверовиќ доживеа вртоглав успех, а за тоа најмногу и е благодарна на својата менаџерка Сандра која и купила подарок за седумгодишна соработка.
Теодора доби скап часовник кој веднаш им го покажа на своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм, а со фотографијата напиша колку и значи овој подарок.
– Се договоривме ова да биде подарок за седум години од нашата соработка. Отидов да пробам часовник што ми се допаѓа на 3.10, но бидејќи тогаш не работеше, ниту времето, ниту датумот не беа точни, а на него беше ни помалку ни повеќе, бројот седум! Судбина, напиша пејачката и додаде:
-Сега, сакам бескрајно да се заблагодарам за овој подарок. Не затоа што ова е скап подарок, туку затоа што е купен од срце и затоа што знам дека ќе ми кажеше дека заслужувам само вакво нешто. Те сакам.
Инаку, часовникот што го доби Теодора е „rolex lady-datejust“, а чини неверојатни 18.950 евра.