Теодора Џехверовиќ важи за една од најсексапилните и најпровокативните од плејадата млади, згодни, расни убавици на естрадата. Особено бујна однапред и расна одзади, популарната Џехва се’ повеќе и почесто знае на своите фанови и следбеници на социјалните мрежи да им предизвика „адреналинско-хормонски“ стерес, иако овој пат нејзината најнова разголена секси фотосесија предизвика вистински „земјотрес“!
Новата серија разголени фотографии веројатно имала намера да претставува некаква еротска овошна пасторала, во која расната пејачка се’ од себе дала да изгледа како Моника Белучи. Арно ама и покрај сиот телесен раскош и неодолив сексапил и самата била свесна дека задачата да ја „ископира“ една од најубавите и и најсекси жени на сите времиња, не е нималку едноставна и лесна, па решила да остане само на песна.
Фотографиите за да не завршат во корпа, Џехва ги ставила на својот Инстаграм и покрај нив без грам срам, колку и наивно да звучи споделила дека таа е Моника Белучи… ама од „Али експрес“. Чесно, поштено, сосема отворено и искрено, убавицата си го кажала своето видување, иако на нејзиното разголување, следбенниците имаат поинакви коментари.
Ако го тргнете настрана обидот за уметнички впечаток, она што е во доменот на еротиката го мати умот, создава хемија, ги бранува страстите и кај младите и кај возрасните, зашто кога Џехва ќе се разголи, порочно ќе ве погледне и заводливо ќе се насмее, тешко дека некој може да и одолее.