сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Теодора Џехверовиќ живее во страв: Три години ја прогонува и малтретира девојка, манијакално опседната со пејачката (ВИДЕО)

Теодора Џехверовиќ живее во страв: Три години ја прогонува и малтретира девојка, манијакално опседната со пејачката (ВИДЕО)

Пејачката и бивша ријалити ѕвезда Теодора Џехверовиќ, беше гостинка во емисијата со Огњен Амиџиќ, каде меѓудругото зборуваше и за девојка која веќе подолго време ја прогонува.

За прв пат, таа го откри нејзиното име и и’ раскажа на јавноста ужасни детали.

„Многу медиуми знаат дека постои личност која ме малтретира веќе три години, откако јас влегов во реалното шоу „Задруга“, па се’ до денес.

И најавив на таа личност дека ако продолжи да ме вознемирува и да влегува во мојот живот, ќе обзнанам јавно која е. Нејзиното име е Катерина Новичиќ од Чачак, родена е ’96-то годиште и она што го дознав е дека работи во училиште“ – открива Теодора и продолжува:


„Воопшто не ми е сеедно, иако толку долго молчев … Толку многу навреди, закани од различни профили. Луѓето се прашуваа која е таа?  Една од пораките е: „Ќе те распнеме ку*во“. Голем душевен немир ми е нанесен мене, на моето семејство, пријателите… Никој нема слобода на движење. Јас сум јавна личност. Многу беше страшно кога таа дошла пред мојот стан, ја сликала мојата тераса. Јас ангажирав адвокати и полиција, но сакам да го кажам сето ова и јавно, затоа што таа, тоа го заслужи“ – посочи пејачката, чија целосна исповед можете да ја проследите во видеото во продолжение.

Најнови вести