Фолк пејачката Теодора Џехверовиќ ужива во летниот одмор со своето момче Нино Челебиќ, но со следбениците на Инстаграм споделила една непријатност што и се случила.
Тие во текот на денот навистина се опуштиле па Теодора првично им призна на своите следбеници на социјалните мрежи дека се опијанила.
– Знаете дека пијам претежно џин тоник, а сега испив половина чаша вино и почна да ме фаќа топлина. Претпоставувам бидејќи обично не пијам вино. Што се случува ?! – изјавила таа.
После тоа пејачката ја објасни позадината на објавените фотографии на кои позира топлес на карпите.
– Денеска отидовме на плажата кај карпите. Таму оставивме крпи, а потоа ползевме малку меѓу карпите бидејќи сакав да се фотографирам без горниот дел. Можеби бевме таму пет минути и кога се вративме видовме дека некој ни ги украл крпите. Дали е можно некој во 21 век да краде крпи? – рече Теодора.