Хрватската полиција вчера попладнето соопшти дека околу 14 часот во градот Дубровчак Лијеви во Сава било пронајдено тело на непозната жена.
Корисниците на социјалните мрежи набрзо почнаа да коментираат и да се сомневаат дека можеби станува збор за телото на исчезнатата Маријана Зајферт, поранешната победничка на „Големиот брат“ која исчезна ноќта на 27 април од домот во Савица, каде живееше со сопругот и децата.
– Во контакт сме со полицијата, а утре ќе знаеме повеќе детали. Не можеа да ни кажат повеќе детали, па не знам во каква облека е пронајдена таа жена и дали тоа би можело да е Маријана, изјавил за „Слободна Далмација“ таткото на Маријана, Иво Ковачевиќ.
– Ќе дадеме се што треба! Уште една непроспиена и неизвесна ноќ е пред нашето семејство. Сакаме само што побрзо да заврши оваа агонија, тешко е да се живее вака – додал Ковачевиќ.