недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„ТЕШКО МИ Е МЕНТАЛНО И ФИЗИЧКИ!“ Кајли Џенер откри дека се бори со постпородилна депресија

„ТЕШКО МИ Е МЕНТАЛНО И ФИЗИЧКИ!“ Кајли Џенер откри дека се бори со постпородилна депресија

Кајли Џенер реши да сподели не толку убави моменти од својот живот со своите милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Шест недели откако го роди синот Волф, Кајли на сите им кажа искрено како се чувствува.

Таа откри дека се бори со постпородилна депресија.

-Не ми е лесно. Искуството овој пат ми е многу потешко отколку кога ја родив ќерка ми. Не ми е лесно ниту психички, ниту физички, едноставно е лудо, изјавила Кајли и продолжила:

„Не сакав само да се вратам во јавност без да кажам ништо, бидејќи сега имаме пристап до Интернет и можеме да кажеме низ што поминуваме, за да слушнат и другите мајки. Не ми беше лесно“.

Таа потоа имаше уште една објава каде истакна колку е важно никој никого да не притиска.

-Во ред е да не си добро. Сфатив дека вршам притисок врз себе. И секогаш се потсетувам дека родив дете, убаво, здраво момче. Мора да престанеме да се притискаме. Не само физички, туку и психички, истакна таа.

Да потсетиме, Кајли на 2-ри февруари годинава роди момче, само еден ден откако го прослави роденденот на својата ќерка која наполни четири години.

Најнови вести