Никола Роквиќ, кому оваа година му беше исклучително тешка поради загубата на татко му Маринко Роквиќ, се приклучи на една емисија и кажа од каде добил сила да продолжи понатаму веднаш по заминувањето на неговиот татко.
– Моментално сум дома, имам многу работа околу Нова година, тежок период е зад нас, а претстои тежок период. Го изгубив татко ми, но животот мора да продолжи. Полесно е кога си со луѓе – рече Никола, кој открива дека сила наоѓа во други работи.
-Сила наоѓам во љубовта кон татко ми, како и во се што направил и во се што постигнал. Имам верба дека е на подобро место – вели Никола.