Тијана Дапчевиќ е една од најпрепознатливите уметници на нашите простори, но и во регионот. Прославена музичарка и актерка, таа ја изгради својата кариера исклучиво со помош на талентот, уникатноста и шармот.
Таа важи за една од најдуховитите жени меѓу познатите и бидете сигурни дека забавата со неа нема да недостига. Зад себе остави неизбришлив музички, актерски и уметнички белег. Оваа пејачка со македонско потекло, со адреса во Белград, каде го изгради своето семејно гнездо, е сопственик на многу хитови кои ги пеат сите генерации, објави Бекстејџ.
„Не ја гледаме често во Македонија, бар онолку колку што таа би сакала, уште помалку во некое телевизиско шоу, интервју, но естрадниот магазин Бекстејџ не би било она кое што е доколку нема ексклузива, досега зборувала јасно и гласно за многу теми, искрено и отворено, но овој разговор некако се чувствува дека е потполно искрена како никогаш досега, зборуваше за Македонија, третманот, почитувањето кое го добива од својата земја, Тамара, и со солзи во очите откри што и ја крепи љубовта кон Македонија“ – се наведува во најавата на емисијата.
Емотивното гостување на Тијана погледнете го во продолжение: