Вчеравечер, 14. август 2022 година (недела) се одржа завршната вечер на која се одигра големото финале, на кое беа прогласени победниците и доделени наградите на најдобрите на шестнаесетиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ во с. Глуво, на падините на Скопска Црна Гора.
Настанот кој е е под генерално покровителство на општината Чучер Сандево, како и на граѓаните на село Глуво и овој пат беше настан за локалното население, но и за многумина кои дојдоа да уживаат во фудбалските мајстории и естрадно-музичкиот дел на програмата, па не само трибините на фудбалското игралиште, туку и целиот околен простор беше преполн со публика.
Имено, покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од регионот.
Така, годинава по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, специјална гостинка беше уште една мегапопуларна српска и регионална фолк ѕвезда, атактивната пејачка Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, која го увеличи големото финале и повеќе од два часа ја забавува публиката со својот концертен настап.
Организаторот и мештаните и овој пат се покажаа како повеќе од добри домаќини, а и атрактивната гостинка не само што им возврати со одличен настап, туку со полно срце покажа дека има и глас и стас, ама и широка душа!
Целата вест прочитајте ја на ВИСТИНА