Богатата кариера на Тина Тарнер, која почина вчера на 83 годишна возраст, ја одбележаа бројни хитови, но еден од нив на пејачката лично не и се допаднал.
Во документарецот на HBO, снимен во 2021 година, пејачката откри дека не и се допаѓа песната „What’s Love Got To Do It“, која се најде на албумот „Private Dancer“ и за која доби Греми награда.
-Тоа беше грозна и ужасна песна. Јас бев рокерка, а ова беше поп песна, рекла Тина.
Нејзиниот менаџер во тоа време, Роџер Дејвис, бил воодушевен од песната и мислел дека може да биде хит.
За потсетување, Тина е првиот афроамерикански уметник и првата афроамериканка што се најде на насловната страница на Ролинг Стоун. Ролинг Стоун ја вклучи меѓу 100-те најголеми уметници на сите времиња и 100-те најголеми пејачки на сите времиња.