понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„ТОА Е БЕЗОБРАЗНО“: Бајага проговори за разводот, за приватноста, но и за неговата омилена тема

„ТОА Е БЕЗОБРАЗНО“: Бајага проговори за разводот, за приватноста, но и за неговата омилена тема

Балканот неодамна беше изненаден од веста за разводот на Момчило Бајагиќ – Бајага, кој стави крај на 33-годишниот брак со сопругата Емилија.

Тој одржа концерт во Хрватска, а потоа за тамошните медиуми проговори за деталите од приватниот живот на кои им призна дека одамна се развел.

-Да, скоро две години. Мислам дека е безобразно, некој сака секој да го знае неговиот приватен живот, а јас мислам дека приватниот живот е сепак приватна работа и дека мора да има некој момент кој не е познат на сите. Ги презирам реалните шоуа и тоа прекумерно изложување и гледање во чиниите и бањите на луѓето. Што јадев вчера е сосема небитно. Луѓето треба да се интересираат за мојата музика, изјави музичарот за „Дневник.хр“.

Потоа зборуваше за својата омилена тема – неговата внука, па призна каков дедо е.

-Одлично, сега за сега имам внука Сара од син ми, има 10 месеци и навистина е големо задоволство кога ќе ја видите втора, трета генерација. Едвај чекам да порасне, да прошета и да можам да одам со неа во зоолошка градина, на прошетка, рекол тој.

Најнови вести