Денеска се навршуваат шест месеци од смртта на кралот на народната музика во Србија Шабан Шаулиќ.
Пејачот загина во сообраќајна несреќа во Германија кога во неговиот автомобил удри пијан возач.
На поменот присуствуваа неговата сопруга Гордана, трите негови деца, пријатели и многу роднини.
Неутешната негова сопруга остави и венец на неговиот гроб со посвета од која многумина заплакаа на гробот на пејачот.
-Со љубов твоја Гоца, гласеше пораката на венецот.
Таа инаку целото време беше во солзи и видно потресена се придружуваше до својот син.