Зоран Марјановиќ (41) е осуден на 40 години затвор поради убиството на својата сопруга, пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) кое се случило на насипот во Борча на 2 април 2016 година.
Судијата потврди дека несомнено Марјановиќ е кривецот за страшниот злосторнички чин, а по сознанието дека до крајот на животот ќе лежи во затвор, по судењето тој замина на пијачка во кафуле и цело време го гушкаше синот од првиот брак.
Овој случај го шокираше Балканот, а многубројните детали буквално го згрози целиот екс југословенски народ.
Најмногу во тоа време се пишуваше токму за семејството Марјановиќ, особено за неговата мајка Зорица на кого никој не и веруваше ниту збор.
Една ситуација која ја забележаа новинарите во тоа време пред шест години буквално се зборува и денес.
Доказ за оваа ситуација се двете фотографии кои се направени во краток временски период во нивниот дом.
Имено на првата фотографија се гледа неговата мајка кога ја дознава веста дека Јелена е пронајдена на насипот во Борча која е без лакирани нокти, додека еден час подоцна на фотографијата исто така е неговата мајка но овој пат со детаљ кој на сите им сатана сомнителен.
На истата таа има црвени лакирани нокти и со ова буквално докажа дека ја глуми трагедијата и жалењето на снаата.
Фрапантно е како член на семејството во тие моменти да помисли да ги лакира ноктите додека во нивниот дом се случува вистински хаос.
Инаку нејзиниот сопруг во тоа време на денот на нејзиниот погреб драстично го промени и својот имиџ и се ишиша кратко, додека до тогаш имаше долга коса.