Водителката Деа Ѓурѓевиќ ги откри деталите од љубовта со партнерот, колегата Младен Мијатовиќ.
Познатата водителка истакнува дека најголемата љубов во животот ја имала со Младен.
-Со Младен се роди најголемата партнерска и љубовна врска. Слободно можам да кажам дека тоа е мојата најотворена врска, тој е единствениот маж со кој сум живеела и со кој уште живеам. Пред него имав љубови, но не како со него. Изгледа дека последната емотивна врска е најсакана, изјавила Деа во една емисија.
Таа нагласува дека сите проблеми можат да се решат со заеднички сили.
-Во нашата куќа се чувствувам неоптоварено, целосно опуштено. Ова е основата што ја научив во моето основно семејство, да ја направам мојата куќа оаза на мирот и безбедноста. Овде одиме кога сме среќни и кога сме тажни. Успеавме да создадеме база каде се може да се реши, важно е само да сме секогаш таму , вели Деа.
Се сети и што ја советувала нејзината мајка кога почнала да живее со Младен.
-Мајка ми ми рече кога почнавме да живееме заедно: „Прв пат кога ќе почувствуваш грч во стомакот и ќе ти се гади кога ќе си одиш дома, тоа веќе не е твоја куќа, па дојди кај мама“. Штом пристигнете со мачнини во стомакот, значи дека таму не ви е добро, рече Деа.