петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Тој бес кој беше во мене, тоа не сум јас“: Вил Смит за прв пат откри детали од инцидентот на Оскарите

„Тој бес кој беше во мене, тоа не сум јас“: Вил Смит за прв пат откри детали од инцидентот на Оскарите

Како дел од турнејата за промоција на новиот филм „Emancipation“, актерот Вил Смит го даде своето прво интервју по церемонијата на Оскарите каде му удри шлаканица на колегата комичар и актер Крис Рок.

Вил беше гостин во новата епизода на „Дејли шоу“ во понеделникот кога водителот Тревор Ноа го праша за инцидентот.

За време на интервјуто, актерот признал што го предизвикало неговиот гнев вечерта на Оскарите кога го удрил Рок. Покрај тоа, тој откри дека дома го пречекал неговиот внук (9) кој го прашал: „Вујко Вил, зошто го удри тој човек?“, пишува Дејли Мејл.

– Остана буден да ме пречека. Седевме во кујната, тој ми беше во скут и ја држеше статуата на Оскар. Одеднаш ме праша: “Зошто го удри тој човек, вујко?” – рече Вил.

Актерот потоа зел марамче, ја погледнал водителката и се пошегувал:

– Се обидуваш да ме здробиш како Опра. Беше хаос, разбирам. Не сакам премногу да навлегувам во таа тема за да не ме разберат луѓето погрешно – додаде тој.

Водителот и оскаровецот потоа го коментираа неговиот нов филм, за што Ноа заклучи дека долго време не го видел Вил во јавност. Актерот потоа повторно ја допре темата.

– Страшна вечер, како што можете да замислите. Има сложена приказна зад тоа, но на крајот на денот вистината е дека само се изгубив. Таа вечер поминував низ нешто, иако тоа не го оправдува моето однесување. Имаше многу работи вклучени. Се претворив во мало момче кое гледа како татко му ја тепа мајка си. Сето тоа се појави во еден момент, но тоа не беше личноста што сакав да бидам. Изгубен сум. Тој гнев што владееше во мене го имаше долго време – изјави тој.

На крајот, актерот додаде дека го убива тоа што неговото однесување на Оскарите може негативно да влијае на новиот филм „Emancipation“.

Најнови вести