понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тој е доказ дека заводници сè уште постојат: Изгледа како Аполон, може да ја има која и да посака, но – ја сака само неа…

Тој е доказ дека заводници сè уште постојат: Изгледа како Аполон, може да ја има која и да посака, но – ја сака само неа…

Џејсон Статаме роден на 26 јули 1967 година во Лондон, како син на барскиот пејач Бери и танчарката Ајлин. Тој уште како дете покажувал јасни знаци дека ќе се занимава со јавна работа.

Вели дека одамна престанал да брои во колку филмови досега се појавил. Благодарение на талентот за актерство, но да не се лажеме и на совршениот изглед, успеал за толку кратко време да стекне огромна популарност.

Тој отсекогаш бил магнет за жените, а се чини како со текот на годините неговата армија од обожавателки само се зголемува. А, тоа не е ниту чудно поради тоа што тој навистина изгледа како Аполон. Џејсон низ годините напорно тренира, а резултатите се видливи.

Тој не крие дека често е на мета на непристојни понуди од страна на жените. Како што признал самиот, му се додворуваат каде и да се појави, не земајќи го предвид фактот што е женет.

Rosie Huntington-Whiteley Bikini Candids in Miami

Иако може да ја има која и да посака, тој со години ѝ е верен на британската манекенка Роузи Хантингтон која од него е помлада 20 години. Актерот ја запросил на одмор во Тајланд со прстен вреден 234 илјади фунти.

Во неколку наврати тој истакнувал колку му значи нејзината поддршка и дека не постои друга жена на светот која некогаш би го прекршила нивниот брачен завет.

„Одлично ни е дома. Одлично дуо сме. Често заедно пиеме и трчаме околу базенот во градината“, се пошегувал актерот кога бил прашан како го поминува времето дома со 20 години помладата партнерка.

Најнови вести