вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тој е меѓу најпосакуваните актери, но лош татко: Том Круз со години одбива да си ја види ќерката

Кога кон крајот на август 2012 година беше конечно завршена бракоразводната парница помеѓу Том и Кејти, нивната тогаш шестгодишна ќерка Сури ѝ припадна на Холмс. Но сепак, главниот актер не добил забрана за гледање на својата ќерка.
Тој е меѓу најпосакуваните актери, но лош татко: Том Круз со години одбива да си ја види ќерката

Иако Холмс и Круз по разводот никогаш јавно не проговориле за причината за нивната разделба, секогаш се шпекулирало дека главниот виновник за тоа била неговата опседнатост со скиентологијата.

11-годишната Сури Круз јавноста ја гледа во друштво на нејзината мајка, актерката Кејти Холмс, а странските медиуми тврдат дека нејзиниот татко – Том Круз, не ја видел веќе неколку години.

Кога кон крајот на август 2012 година беше конечно завршена бракоразводната парница помеѓу Том и Кејти, нивната тогаш шестгодишна ќерка Сури ѝ припадна на Холмс. Но сепак, главниот актер не добил забрана за гледање на својата ќерка.

Но, како што стојат работите, очигледно Круз самоиницијативно одлучил дека нема време за своето единствено биолошко дете. Само за потсетување, со поранешната сопруга Никол Кидман има две посвоени деца, 25-годишната Изабела и две години помладиот син Конор.

Иако Холмс и Круз по разводот никогаш јавно не проговориле за причината за нивната разделба, секогаш се шпекулирало дека главниот виновник за тоа била неговата опседнатост со скиентологијата, а кога контроверзната заедница сакала да ја вклучи и неговата ќерка Сури, Кејти презела сè за да ја спаси.

Кога станува збор за приватниот живот, Круз само кратко одговорил на неодамнешното прашање дали смета дека малата Сури ќе биде актерка кога ќе порасне.

“Никогаш не знаете” – прокоментирал 55-годишниот актер кој се смета за еден од најистакнатите членови на скиентолошката заедница.

Познатиот татко се оддалечил од својата ќерка, а гласините велат дека тие понекогаш се слушаат на телефон. Некои сметаат дека Том се оддалечил од Сури кога неговата поранешна сопруга започна тајна врска со актерот Џејми Фокс.

Најнови вести