сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Тој е НАЈПОСАКУВАНИОТ маж во светот: Жените сечат вени за овој италијански пастув

Тој е НАЈПОСАКУВАНИОТ маж во светот: Жените сечат вени за овој италијански пастув

Микеле Мороне стана најпосакуваниот маж на светот, откако улогата во филмот „365 дена“ преку ноќ му донесе популарност. Италијанскиот актер го освои целиот свет со улогата во филмот „365 дена“ што минатата година беше најгледан на Нетфликс.

Впечатливиот Италијанец со улогата на шеф на мафијата го привлече вниманието на поубавиот дел од публиката, која обожувањето го пресели на неговиот Инстаграм-профил.

Неодамна прошета на црвениот тепих на првиот филмски фестивал во Саудиска Арабија, а изгледаше совршено во добро скроен, модерен костум со риги потпишан од брендот Dolce & Gabbana.

Мороне го комплетирал костумот со ноншалантно откопчана бела кошула, црни, елегантни чевли и скап рачен часовник, а малку жени останаа рамнодушни на ова издание на познатиот заводник.

„Најубавиот маж на планетата“, „Крал“, „Бог“, „Боже, каков фраер“, „Задоволство е да се гледа“, „Ти си вистински дијамант“, само дел од илјадниците слични коментари од воодушевените жени.

Да потсетиме, филмот „365 дена“ предизвика контроверзии и поделени мислења низ Европа. Дискутабилната тема и контроверзниот вредносен систем е она што ги загрижува критичарите, имајќи предвид дека темата е мешавина од еротизам и романтизирање на заробеништвото и киднапирањето.

Ликот на Масимо, кого Мороне го „оживеа“ на големото платно, особено им се допадна на жените, иако беше претставен како негативец. Него го следи епитетот на маж подготвен на се за љубов и „добар антихерој“, а во комбинација со неговиот неверојатен изглед и шарм, јасно е дека тешко може да се одолее.

Улогата на 31-годишниот Микеле преку ноќ му ја донесе титулата за најпосакуван маж во Европа, а додека дотогаш можеше да каже за себе дека е само просечен италијански актер и пејач, сега е четвртиот најследен човек на социјалните мрежи во Италија и некој чие име е препознатливо ширум светот.

Овој впечатлив актер со години се занимава со глума и музика во родната Италија, но статусот на голема ѕвезда упорно го заобиколуваше.

Работите се сменија буквално за секунда кон средината на минатата година! Мороне вели дека на 7 јуни 2020 година се разбудил, посегнал по мобилниот телефон и како и обично ги проверувал социјалните мрежи и дека таму го чекало изненадување.

“Таа вечер кога легнав, имав околу 700.000 следбеници на Инстаграм, а кога се разбудив, таа бројка беше повеќе од 2,2 милиони! Се прашував што се случува, зошто се случи тоа”, изјави тој минатата година.

Еден ден по објавувањето на филмот на Нетфликс, Микеле го напуштил својот стан во Рим за да купи леб. „Луѓето буквално трчаа околу мене во толпа и сакаа да се фотографираат“, се сеќава тој.

Тоа била неверојатна спротивност од животот што го живеел пред само две години – бил скршен, разведен и депресивен, а деновите ги минувал бавејќи се со градинарство во мало италијанско село на северот од земјата.

Инаку, Микеле од 2014 година бил во брак со либанската стилистка Руба Саде, со која има два сина – Маркус и Бренд. Двојката се развела во 2018 година, по што беше поврзуван со италијанската балерина Елена Д’Амарио. Се шпекулираше и дека е со хомосексуална ориентација, особено по дискутабилната фотографија на неговиот Инстаграм-профил, каде во прегратка позира со манекенот Симоне Сузин, но тој сепак остро ги демантираше таквите гласини.

Најнови вести