понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

ТОЈ ЈА ИЗНЕВЕРИЛ СО ОВАА СТАРЛЕТА, А ТАА ОСТАНАЛА БРЕМЕНА ОД КУМОТ – српската актерка се заљубила во најдобриот пријател на сопругот (ФОТО)

ТОЈ ЈА ИЗНЕВЕРИЛ СО ОВАА СТАРЛЕТА, А ТАА ОСТАНАЛА БРЕМЕНА ОД КУМОТ – српската актерка се заљубила во најдобриот пријател на сопругот (ФОТО)

Актерката Анѓелка Прпиќ (38) е топ тема во српските медиуми деновиве заради наводната афера со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг.

Анѓелка во периодот од 2011-та до 2020-тата година беше во брак со Дарио Прпиќ, со кого го доби и синот Јакша, а потоа нивниот пат се раздвои.

Наводно Дарио постојано ѝ бил љубоморен на Анѓелка додека ја снимала серијата „Андрија и Анѓелка“ со Андрија Милошевиќ, а причината за разводот била тоа што таа дознала дека тој ја изневерил со хрватската старлета, манекенка и пејачка Ава Карабатиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Сега, две години подоцна српските медиуми пишуваат дека Анѓелка повторно е бремена и тоа од најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг. Актерката и пријателот со месеци ја криеле врската од нејзиниот поранешен сопруг.

Новиот дечко на Анѓелка претходно бил во долга врска со друга девојка, па биле и свршени, но сега ја раскинале свршувачката.

„На Дарио воопшто не му падна на ум дека Анѓелка ќе почне врска со човекот што со години им беше најдобар пријател.

Требаше дури и да му биде кум. Неговиот најдобар пријател со години им доаѓал дома.

Не ни можел да помисли дека тој би можел да има нешто повеќе со неговата поранешна сопруга Анѓелка и дека заради неа ќе ја остави девојката со која беше 11 години во врска“ – пишуваат српските медиуми повикувајќи се на извори блиски до парот, а според други извори, пак, новиот дечко на Анѓелка веќе им бил кум на свадбата со Дарио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Засега актерката не ги коментира пишувањата во медиумите, во српските медиуми се најдоа повеќе фотографии на кои се гледа дека нејзиниот нов дечко бил заедно со неа на прославата на нејзиниот 38-ми роденден.

Најнови вести